Поддржувајќи ги „напредните проевропски албански сили“, дали и Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија, како и Курти во изборите?!

„Јас сум претставник на Република Албанија. Дојдов овде да ги поддржам напредните проевропски албански сили и * Македонија во нивните јасни ставови за европската иднина.“ – изјави министерот за надворешни работи на Албанија Игли Хасани, со што тој одбегна да даде директен одговор на поставеното прашање дали косовскиот премиер и лидер на тамошната партија Ветвендосје – Самоопределување се меша во внатрешните работи на Македонија и како ги коментира најавите на Ветвендосје на Курти за дејствување на политичката сцена во Македонија. Ова го јави ТВ 21.



Инаку, министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија Игли Хасани денес, на 17 јануари 2024 година престојува во прва официјална посета на Република Македонија.           

 Покрај средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот Хасани ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, со првиот заменик на претседателот на Владата и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и со заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ.