Поддржувачи на Трамп се обидуваат насилно да влезат во Конгресот на САД (ВИДЕО)

Илјадници про-Трамп демонстранти се собраа денеска во главниот град на САД за да дадат поддршка на барањето на претседателот Трамп, потпретседателот Мајк Пенс и Конгресот да ја блокираат претседателската победа на Џо Бајден.



Американските медиуми кои ги следат протестите предупредуваат дека ситуацијата е напната и може да доведе до посериозно насилство.

Стотици демонстранти веќе минале 4 безбедносни обрачи и се обидуваат да влезат во Конгресот на САД.

Според Форбс потпретседателот Мајк Пенс бил изнесен од Сенатот каде што се состануваа конгресмените за да ги потврдат резултатите од изборите а на членовите на Претставничкиот дом им било кажано да се подготват и да се сокријат под своите столчиња.

Според сведоци на судирите пред Капитол полицијата не може да се справи со толпата и можно е демонстрантите да успеат да влезат во Конгресот.