Профилите Софре Трифуновски и Македонски буквалиста кои важат за поактивни поддржувачи на СДСМ на социјалната мрежа Твитер споделуваат лаги за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кичево.
Во неверојатните лаги на активистите на СДСМ се зборува за наводни активности на кандидатот Александар Јованоски за кои нема никакви индиции ниту докази.
Нападот со лажни вести врз лекарот Јованоски инаку оженет со Албанка доаѓа откако стана јасно дека ДУИ тешко ќе може да победи во вториот круг избори Кичево.
Внукот на Али Ахмети Фатмир Лимани кој беше трет во првиот круг денеска му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево а со предходната поддршката од Алијанса и Алтернатива стана јасно кој е фаворит за победа во Кичево по што почнаа нападите од симпатизерите на СДСМ против Јованоски.

Лажните вести на твитот
Ебам им партијата, уште некрофилија немаа… Сега се комплетираа… Бегај @Fingerprint83, овие мртов човек со париче во уста ебат…. https://t.co/ZxKeiuIAee
— Sofre Trifunoski (@SofreTrifunoski) October 21, 2021






