Државниот советник за европски прашања Драган Тилев вели дека директна последица на одолжувањето на македонскиот евроинтегративен процес е падот на поддршката за членство во Европската унија од некогашните 90 проценти на сегашните околу 65 отсто.
Прашан дали недобивањето препорака за одржување на Втората меѓувладина конференција меѓу Скопје и Брисел на следниот Самит на ЕУ може да се сфати како неуспех, Тилев одговори дека ситуацијата во случајот со Македонија е многу јасна – конференцијата зависи само од уставните измени. Но, непреченото одвивање на преговорите понатаму ќе зависи од реформите, особено во судството, додава тој.






