Поддршката за Пендаровски на ДУИ ќе му донесе Албанец гувернер на НБМ

Поддршката за Стево Пендаровски и принципот на консензуалност ќе ни донесе гувернер на НБРСМ да биде Албанец, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби, за емисијата “Click Plus” на ТВ 21.



“Како што Талат Џафери стана прв министер за одбрана, Агим Нухиу прв министер на МВР, народниот правобранител е Албанец, така ќе успееме да имаме и Гувернер”, порача Груби во емисијата.

Со оваа изјава на Артан Груби се потврдија информациите дека подршката на ДУИ за СДСМ на претседателските избори меѓу другото е поврзана и со функцијата гуверенер во Нарoдна банка која во иднина треба да ја добие Албанец, најверојатно екс министерот за економија Фатмир Бесими.