Поддршката во Македонија за влез во ЕУ падна за 20-25 отсто, оценува Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски констатира пад од 20-25 проценти на поддршката на македонските граѓани за членство на Македонија во Европската унија.



„Прилично непријатна ситуација. И тоа не е само мое лично чувство, туку на најголемиот број наши граѓани. Ако ги прашувате околу евроентузијазмот, колку поддршка даваат за интеграцијата во Европската унија под овие услови, можам да ви кажам дека околу 20-25 отсто помалку граѓани даваат поддршка. Значи, ако едно време давале 85-90 проценти поддршка за влез во Европската унија, сега даваат 65-66 проценти, само поради оваа најнова блокада, која никој не ја очекуваше. Таа, едноставно, е гром од ведро небо, што се вели“, изјави Пендаровски за Хрватската радиотелевизија (ХРТ), мислејќи на ветото од Бугарија за старт на преговорите со ЕУ.