„Претседателот на Европската Народна Партија, господинот Жозеф Дол застанува зад нас, тоа го вети во Брисел. Пред него тоа го стори господинот Себастијан Курц, навистина е тоа европски силен ветар во нашите едра, реформски, во нашите опозицски едра, во нашите изборни едра, она што доаѓа на 21 април и на 5 мај“, истакна кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова на денешната средба со граѓани од Кратово.
Во пораката што ја испрати, претседателот на ЕПП, даде јавна поддршка за кандидатот за претседател Силјановска Давкова.
„Посакувам Силјановска да има силен резултат во првиот круг од претседателските избори. Силјановска е вистинскиот кандидат за зајакнување на економијата, независно судство и борба против корупцијата, предуслов за продолжување по евроатланската патека“
Дол пораќа дека изборите треба да бидат слободни и фер.





