Поддршка за Мицкоски од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Уставни измени под Бугарски диктат без јасни гаранции за вековен јазик, идентитет, историја и посебност се невозможни. Изразувам јасна и недвосмилена поддршка на ставовите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. др. Христијан Мицкоски искажани на денешната лидерска средба.



Ова се вели во објавата на Фејсбук на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, а овој став како што пренесува „Фактор“ го поддруваат и други градоначалници од редовите на ВМРО,ДПМНЕ.

„Република Македонија се наоѓа пред сериозни предизвици во кои е доведена поради неодговорната политика на Владата.

Јавна поддршка и за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и признание за сите пратеници кои јасно и гласно кажаа НЕ за уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и секогаш и секаде ќе го застапува интересот на народот!

Друга татковина ние немаме и затоа Македонија до крај мораме да ја сочуваме. Горда и достоинствена, а не обезличена и понижена Македонија!“, се вели во објавата.