Откако Договорот од Преспа ќе биде целосно имплементиран „ќе бидеме во можност да го користиме терминот „македонски јазик”, изјавил висок извор во НАТО за дописничката на МИА во Брисел.



Во јавноста во Македонија вчера имаше реакции зошто на церемонијата на потпишување на пристапниот протокол за НАТО, Алијансата не го користеше зборот „македонски јазик” на својата веб страница, и покрај тоа што секогаш досега го користела.

Неофицијално, овој пат имало посебен притисок од грчка страна да не се користи терминот на веб сајтот само на вчерашниот ден, поради чувствителноста на процесот на ратификација на НАТО протоколот за Македонија, кој треба да се заврши утре во грчкиот Парламент, јави МИА.