Под мраз ќе замине и тоалетната хартија, за колку ќе поевтинат хигиенските средства?!

Поевтинуваат, односно се замрзнуваат цените на дел од хигиенските артикли. Станува збор за тоалетната хартија, влажните марамици, како и производите за менструална хигиена, најавија од Владата, откако премиерот пак во улога на инспектор пазареше во еден од скопските маркети. Одлуката допрва ќе се носи на Владина седница, а министерот за економија најави и дека до крајот на неделата ќе има нова одлука со која ќе се намалат и замрзнат цените и на дел од овошјето и зеленчукот, во пресрет на велигденските и рамазанските празници.



  • Тоа што го најавивме претходно и ќе го оствариме, нема да чекаме на несооддветно работење на одредени комисии во Собранието, кои не ги свикуваат комисиите се со цел да се донесат закони кои се во интерес на граѓаните како што е стапката на ддв-то за одредени производи хигиенски, па со одлука на Владата ќе ги намалиме овие цени, ќе биде лепеза на хигиенски производи кои утре ќе се замрзнуваат, велат од Владата.

Во маркетот, при „инспекцијата“ на цената на јајцата и оризот, Ковачевски и Бектеши поразговараа со дел од купувачите. Некои се пожалија дека цените не се доволно намалени да го заштититат џебот на граѓаните. А, поразговараа и за спортот со граѓанка која била поранешна репрезентативна ракометарка. Иако беше најавено дека јавно ќе се објавуваат фирмите, од инспекцијата рекоа дека ќе почекаат да се завшри целата инспекциска процедура, па детално ќе информираат.