Водечкиот јапонски производител на автомобили „Тојота“ нема да го продолжи производството во своите погони во европските земји барем 20 април поради ширењето на новиот коронавирус, објави новинската агенција Кјото.
Во моментов, сите фабрики за Тојота во европскиот регион не работат. Станува збор за фабрики во Турција, Португалија, Велика Британија, Полска, Чешка и Франција кои не работат од 16 март. Фабриката во Санкт Петербург е затворена од 28 март до 5 април.
Минатата година компанијата произведе околу 780,000 возила во Европа.
Поради коронавирусот, претходно делумно беше запрено произведството во Северна Америка и Југоисточна Азија.





