„Сајбер понеделник“ е најголемиот ден за он-лајн пазарење во САД и следува веднаш по националниот Ден на благодарноста. Илјадници Американци ги отворија паричниците за купување преку интернет, а најчесто се купува електротехника и играчки. Овој ден се смета како идеалан за потрошивачите, но и трговците кои се почесто своите производи ги продаваат онлајн.
„Многу е полесно да се купува он-лајн.“
„Најмногу пазарам он-лајн, но сепак сакам и одам на пазарување.“
Терминот стана онлајн еквивалент на „Црниот петок“ и нуди начин за помалите малопродажни веб-локации да се натпреваруваат со поголеми синџири. Во пресрет на зголемување на продажбата специјалистите за маркетинг постојано измислуваат нов начин на промоција на своите производи. Компаниите нудат разни поволности, попусти, подароци и најразлични иновативни промоции. Така на пример е и т.н. „Виртуелна продавница“ која нема потрошувачи во неа, но затоа има вработени кои што он-лајн одговараат прашања на заинтересираните купувачи, презентирајќи го во живо. Продавачите велат, најважно е потенцијалните купувачи да бидат убедени.
– Се започнува со доверба. Ако го заштедите времето на луѓето, тие можат имаат можност да сторат нешто друго или да отидат на друго место. Ова им ја дава таа можност, вели Дамиен Хармон, Специјалист за продажба.
Продажбите на Сајбер понеделник се очекува да достигнат околу 11,2 милијарди долари, што е за две милијарди долари повеќе од продажбата на т.н. „Црн Петок“ кога америкаците пазаруваа за 9,12 милијарди долари.
Во 2017 година, продажбата на Сајбер Понеделник се искачи на 6,5 милијарди долари, во споредба со речиси 3 милијарди долари во 2015 година и 2,6 милијарди долари во 2014 година.





