Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, треба да започне судскиот процес протв поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој обвинет за злоупотреба на службената положба.
Обвинетиот Зекири, како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
„Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги“, стои во обвнителниот акт.
Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.






