Почнува караванот за вакцинација против ковид, но интересот речиси и да не постои

Денеска и официјално почнува караванот за вакцинација против корона вирусот, а целта на здравствените власти е што поголем процент на вакцинирано население. Сепак, граѓаните кои и досега не успејаа со ништо да ги убедат да се вакцинираат, велат дека во ситуација на се постабилна епидемиолошка состојба, нема логика да го сторат тоа.



-И самите здравствени власти посочуваат дека бројките на новозаразени се во постојан пад. Јас лани ја прележав болеста. Вакцините веќе бе а пристигнати, но редот беше прво најстарите. Тогаш сакав да се вакцинирам, но никогаш не дојодв на ред, а потоа се разболев. Е сега веќе ниту имам интерес, ниту пак планирам да се вакцинирам против ковид. Приказната со короната е на крај, сега народот повеќе се плаши од војната во Украина, отколку од корона. И можеби не толку дека и тука ќе се соочиме со гледање тенкови, но немаштијата, беспарицата, цените на производите, нема ова, нема тоа, бензиот се погоре и погоре…Тоа се моменталните грижи на граѓаните. Никој веќе не зборува за корона, колку има во болниците. Така што за караванот што го најавија од Министерството за здравство, не гледам дека ќе постои некаков поголем интерес од тоа што беше во изминатиот период, вели 29 годишниот Марко Ј. од Скопје.

И матичните лекари посочуваат дека нивните апели не допираат до пациентите. Велат дека имаат и пациенти кои се со хронични заболувања, а кои досега не се вакцинирале, тоа нема да го сторат ниту во наредниот период.

-Ги игнорираат сите пораки. Нашите укажувања дека се во некоја од ризичните групи, кај кои вирусот навистина може да предизвика сериозна тешка форма на болеста, едноставно не допираат до нив. Не сакаат да се вакцинираат сиот овој изминат период, а поготово не сега, кога реално состојбата и полека се смирува. Имаме и пациенти кои примија две дози од вакцината против корона вирусот, потоа се заразија, а сега не сакаат да слушнат за бустер. Инаку, најголем број заразени имавме во вториот и третиот бран. Овие кои сега се болни, се заразени со омикрон варијантата и поминуваат далеку полесно од пациентите кои беа заразени со делта сојот. И токму една ваква ситуација, практично ги одвраќа од одлуката да се вакцинираат против корона вирусот, велат матичните лекари со кои поразговарале Фактор.

Линк до целиот текст.