Почнува исплатата на пензиите

И априлските пензии ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-информира Министерството за труд и социјална политика.



Исплатата на пензиите на лица кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

за пензии со висина до 11.000 денари, на 26.04.2021 (понеделник),

за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата на 27.04.2021 година (вторник),

за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата на 28.04.2021 година (среда)

и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 април(понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.