Почна исплатата на јануарските пензии

Од денеска почнува исплатата на јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.



Клиентите кои не користат картички, пензиите , како и досега, ќе ги добијат во четири групи, според висината на пензијата.

Исплатата на пензиите до 11.000 денари ќе се изврши на 30 јануари (понеделник),

пензиите во износ од 11.001 денар до 14.000 денари на 31 јануари, (вторник),

пензии во износ од 14.001 до 18.000 денари на 1 февруари (среда) и

пензиите над 18.001 денар на 2 февруари (четврток).