Почнаа вежбите на Русија и Белорусија на источната граница на Украина

Русија и Белорусија од денеска па во наредните 10 дена одржуваат заеднички воени вежби во близина на источните граници на НАТО и Украина. „Сојузничка решителност“ како што се нарекуваат вежбите доаѓаат во време на високи тензии околу трупањето на руските војници во близина на границата со Украина.



Западот со месеци предупредува на можна руска инвазија на Украина, што Москва го негира.

„Овие вежби треба да ги усовршат плановите за соочување со западните сили – Балтикот и Полска, и југот – Украина“, изјави деновиве белорускиот претседател Лукашенко.

Во вторникот портпаролот на Кремљ Дмитри Песков наведе дека Русија планира да ги повлече војниците од Белорусија по воената вежба.