Почна втората рунда преговори за мир: Украина има три услови

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, објави дека започнала втората рунда украинско-руски преговори за запирање на воените дејствија во Украина.



Тој на Твитер сподели фотографија од средбата и објави кои се за Украина 3-те клучни прашања за кои треба да се разговара:

„Итен прекин на огнот

Примирје

Хуманитарни коридори за евакуација на цивили од уништени или постојано гранатирани села/градови“, објави Подољак.