Од денеска започнубва масовнаа вакцинација на граѓаните со пристигнатите 24.000 вакцини „АстраЗенека“ кои ќе им се даваат на граѓани над 75 години.
Вакцинацијата ќе се одвива паралелно во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во Здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.
Ќе може да се вакцинираат седум до десет илјади граѓани дневно, истакна министерот за здравство Венко Филипче зборувајќи за предвидената динамика на процесот на имунизација, во синошеќното гостување на „Клик Плус“ на ТВ21.
Според Филипче нема да се вакцинираат со вакцината на „АстраЗенека“,лица под 60 годична фозраст, откако вчера Канада ја суспендираше употребата на оваа вакцина за лицата под 55 години, а Германија за лица под 60 години.
Тој синоќа рече дека дека очекува до крајот на април да пристигнат уште 76 илјади „астразенека“ преку системот „Ковакс“, како и 300 илјади вакцини, односно 200 илјади од Кина, и 25 илјади од ЕУ.







