Верниците од исламска вероисповед денеска го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 12 мај.
За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.
Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување.
По рамазанскиот пост, на 13 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.
Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.







