Започна протестот пред зградата на Европската комисија во Софија на кои неколку стотици граѓани излегоа да дадат поддршка претепаниот македонски Бугарин Христијан Пендиков.



На протестот се приклучија и граѓани и членови на јавноста, како и поддржувачи на ВМРО, јави репортерот на БГНЕС.

Тие се изјаснија против дискриминацијата на Бугарите во Република Македонија.

На протестот присуствуваа претставници на различни политички формации.

Меѓу нив беше и лидерот на ултранационалистичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов, кој рече дека ќе го почека до вторник сослушувањето на министерот за надворешни работи Николај Милков во парламентот, за потоа да процени какви мерки може да се побараат на политичко ниво.

Европратеникот на бугарската ВМРО, Ангел Џамбаски, пак, пренесува националната бугарска телевизија, ги доставил своите барања до сите европски институции за веднаш да ги прекинат пристапните преговори со Северна Македонија во ЕУ.

Демонстрантите бараат прекин на насилството врз Бугарите, кое е зголемено во последните месеци. Тие ги повикуваат властите во РСМ да преземат мерки за запирање на јазикот на омраза кон граѓаните на државата кои се изјаснуваат за своето бугарско потекло.

Поворката се упати и кон зградата на Македонскиот културен центар…

Секретарот на Бугарскиот клуб во Охрид, Кристијан Пендиков, на 19 јануари вечерта бил нападнат одзади од Илија Спасески и уште две лица пред ресторанот „Тино“. Пред да излезе од кафеана беше навредуван и испровоциран од дружината на Спасески.