Почна новата учебна година, ама без книги за некои одделенија, министерот вели ќе стигнеле наскоро

Почна новата учебна година, ама без книги за децата од трето и шесто одделение. Додека не се испечатат, тие ќе учат од материјали кои тековно ќе се набавуваат. Наставниците побараа поголема сериозност од ресорното министертво. Според наставничката по македонски јазик Милка Тримчевска, потребен е многу поактивен пристап во изработката на учебниците, а пред се треба да се слуша мислењето на експертската јавност.



Тримчевска додава дека не може да се прават реформи преку ноќ, зашто така се удира по темелите на образовниот систем, кој од година в година е се послаб. Родителите пак, молат Бога што побрзо да стасаат учебниците, зашто како што велат, секоја година е иста песна.

Министерот за образование, Јетон Шаќири, пак не гледа проблем. Вели дека учебниците за трето биле одобрени и дека се печателе, а оние за шесто биле во фаза на одобрување. На 7 септември, вели, ќе биле дистрибуирани.

Виновници за донењето на книгите биле печатниците, а не министерството додаде Шаќири, кој повторно се иззема од оговорност. Дека стартот на учебната година е каша-попара, реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Побара од власта да ги повлече политиките за реформи во образованието, кои очигледно биле штетни.

најголемата опозициска партија критикува дека две години оваа епски неспосбна власт не може да отпечати учебници. да беа европска, како што не се, денеска на 1-ви септември министерот за образование и наука ќе депонираше оставка и истата веднаш ќе беше прифатена.

Инаку, децата кои нема да добијат учебници ќе учат од помошни материјали во електронска форма, па така родители стравуваат дека и годинава ќе мора да ги копираат заменските „учебници“. Новите модули за шесто одделение предвидуваат наставниците по историја, освен историја да предаваат и родова еднаквост, верска етика, фотографија, како и ред други изборни предмети.

Во  однос на спојувањето предмети, министерот тврди  дека нема да биде загрозен фондот на часови на наставниците. Шаќири нема коментар како ова ќе се одрази на учениците кои едно пологудие ќе учат историја, па потоа по истиот предмет ќе продолжат со географија и ќе завршат со граѓанско опшество.

Колку за потсетување, и лани учениците не ги добија сите учебници, а за некои предмети немаа книги до крајот на учебната година. За привремени „учебници“ лани државата потроши над 640.000 евра, пари позајмени од светска банка. Според законот, учениците треба да добијат бесплатни книги за основно и за средно образование.