Почна ли Ковачевски со напад врз Заев: Загубена доверба во институциите (ВИДЕО)

Новиот мандатар и лидер на СДСМ со порака за време на добивањето на мандатот од страна на претседателот Пендаровски која упатува дека тој вината за тешката состојба во државата може да ја бара и кај Зоран Заев.



Во прочитаниот текст Димитар Ковачевски најави дека со храбри политики и чесност Ќе ја враќа довербата во политиката и институциите која е изгубена.

Оваа теза на Ковачевски е спротивна на ставовите на Заев кој тврди дека владата и институциите ги остава стабилни и функционални.

Дали Ковачевски направи ненамерна грешка обвинувајќи дека ја презема владата со урнисана доверба или најави дека ќе бара одговорност и од Заев за ситуациите со кои се соочува Македонија ќе се открие наскоро кога тој ќе мора да објави дали ќе ги менува принципите со кои владееше Заев и ќе наметне свои.

За време на 5 години од владеењето на Заев дојде до огромна ерозија на довербата на граѓаните кон институциите и политиката поради контроверзните и штетни одлуки на СДСМ предводен од Струмичанецот.

Видеото од изјавата на овој линк

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/885160692197486/