Како и на ланските претседателски избори, ни кампањата за претстојните парламентарни не помина без летоци од непознат извор во поштенските сандачиња на граѓаните.
„Да не се заборави едноумието и пропагандата на режимот! Време на затворени и цензурирани медиуми и политички затвореници“, се вели во нив.
На летоците нема партиски обележја, но од содржината, а посебно од фотографиите, е јасно против кого се насочени и во чиј (замислен) интерес се расфрлени по влезовите на станбените згради.
За ланските „неидентификувани летечки објекти“ со намера да се стекнат политички поени преку оцрнување друг не одговараше никој.





