– Што ќе правиме со “Пиреј”!? Можеби треба да го искорнеме, прашува новинарот и колумнист
На весникот “Слободен Печат”.
Тричковски кој смета дека Македонија по секоја цена треба да го смени името и идентитетот за да се влезе во НАТО.
За дабја докаже својата теза Тричкоски удира по култната книга Пиреј на легендарниот Петре М. Андреевски во која е опишан ткн македонскиот идентитетски код.
Што пишува Тричковски:
Ја разбирам загриженоста на Милчин кога по повод претстојниот договор со Грција, се прашува: А што ќе правиме со “Пиреј”, “Небеска Тимјанова”, “Црно семе”, “Евангелие по Итар Пејо”- ќе ги ставиме ли во бункер за да не ги читаат идните генерации!?
Во неговото прашање има две погрешни премиси:
Првата е дека ако не го смениме името “Пиреј” ќе си остане основен хромозом во македонската културна, историска, политичка, и светогледна и саморазбирачка, деенка. Јас мислам дека ако некој може да го ликвидира Петрета М.
Андреевски тоа е уставното име во функција на блокатор на македонскиот национален организам. Тоа вреди и за другите автори што Македонците ги запишале како светители во својот национален имагинариум. Македонија што тие ја дефинираа во вредносна и културна смисла, е потрошена. Можеме да си го чуваме името, но тие во тоа име ќе останат како камени споменици без моќ да произведат ниту минимум чувства и интеракции, а не ли пак некакви нови вредности.
Втората погрешна премиса е дека тие величини се недопирливи величини. Јас мислам дека тие со своите дела и нацијата со својот избор и идолопоклонски однос, се соодговорни за драмата низ која минуваме.
Тие го форматираа Македонецот во организам неотпорен, неадаптибилен, неконкурентен, во услови на слободниот свет или на светот кој така се претставува. Тие се таа фамилијарна топлина што не направи неотпорни на вирусите надвор од македонската пештера.
Недопирливиот “Пиреј” посебно. Македонија треба да се стреми да излезе од тој културен и ментален, карактерен, ако сакате, модел. Кој ја хендикепира, ја прави астматична, умрзовена, тапава и бесмислена.





