Почна битката против екстрадиција на Џулијан Асанж

Почнува битката за екстрадиција на Џулијан Асанж на САД во Суд во Лондон, само еден ден откако основачот на „Викиликс“ вчера беше осуден на 50 недели затвор поради прекршување на условите за кауција.



Судијата вчера во голема мера ги отфрли олеснителните фактори изнесени од страна на адвокатите за Асанж, кој престојуваше во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012 година за да ја избегне екстрадицијата во Шведска поради наводите за сексуален напад, што тој ги негира.

Денес, судот во Лондон ќе го разгледа прашањето за екстрадицијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во САД, објави Би-би-си.

Во САД на Асанж му се заканува судењепо обвинение дека на Викиликс објавил стотици илјади воени документи за американски операции во Ирак и Авганистан.

Асанж (47), беше уапсен од британската полиција на 11 април, откако властите на Ејквадор решија да му го укинат азилот и тој мораше да ја напушти амбасадата на латиноамериканската земја.

На Асанж му се заканува и судење во Шведска. Шведското обвинителство ја суспендираше истрагата во мај 2017 година, но случајот веројатно ќе биде обновен.

Според Асанж судењето во Шведска е само изговор тој да ѝ биде испорачан на САД.