Починати 7, нови 325 случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19 како и 479 оздравени пациенти .



Починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (89 и 79г), двајца од Охрид (80 и 89г) и по еден од Гостивар (62г), Струга (85г) и Пробиштип (70г). Сите 7 пациенти се починати во болнички услови, објави министерот Венко Филипче на Фејсбук.

.