Штипјанката Ругмин Хусеинова (55) починала од коронавирус на Инфективното одделение во Штипската болница.
„Мајка ми ја погребавме како почината од ковид-19. На Инфективно три дена ја третирале како болна од коронавирус, а сите пет тестови што ги направиле биле негативни. Таа имаше малаксаност и беше поспана“, вели нејзиниот син кој се сомнева во дијагнозата, пренесе СакамДаКажам.
Од Центарот за јавно здравје велат дека белодробната пневмонија се третира како коронавирус и причината за смртта се смета како да е од ковид-19.





