Вчера попладне на плажата пред хотелот „Метропол“ во Охрид каде почина средовечен маж, според првичните информации од срцев удар.
Порталот Охрид 1 јави дека безживотното тело на човекот било извадено од водите на Охридското Езеро, а на снимката се гледа како на помош пристигнал и министерот за здравство Венко Филипче, кој бил во непосредна близина и присуствувал на свеченото отворање на Европскиот маратон во пливање.
Филипче се обидел да го реанимира лицето, кој било на возраст од 70-тина години, но за жал веќе било предоцна да се спаси.






