Починаа три лица, нови 134 случаи на корона

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часаод биле направени 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи на КОВИД-19.



Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Куманово (65г). Лицето е починато во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица, од Струмица (74г) и Виница (76г). Едно лице е починато во болнички и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08. – 31.08.2022

Регистрирани се 33 реинфекции и 144 оздравени пациенти.