Починаа 8 лица, 136 нови случаи за 24 часа

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, при што се регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу во Скопје, 80 и во Тетово 24.



Починаа 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти.