Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: Дваесет починати лица од Скопје (69г, 73г, 76г, 77г, 77г, 80г, 81г, 83г, 84г и 85г), 3 починати лица од Тетово (64г, 72г и 74г) и по едно од Кочани (70г), Кратово (84г), Крива Паланка (71г), Куманово (68г), Неготино (83г), Прилеп (83г) и Струмица (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.



Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од Скопје (2). Починатите лица се на возраст од 77г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 14.02.2022. Починатите  лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени се 4.078 тестови, а регистрирани се 838 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции.

Регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти…