Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.902 тестирања, а регистрирани се 881 нови случаи на корона.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени.
Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (81, 64, 80, 81, 77, 64 и 70г), тројца од Куманово (70, 97 и 94г), еден од Прилеп (75г), двајца од Струга (74 и 69г), еден пациент од Битола (60г), двајца од Охрид (65 и 83г), еден од Гевгелија (67г), еден од Гостивар (73г), еден од Кочани (68г), еден од Пробиштип (46г), еден од Берово (80г) и еден пациент од Виница (77г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.





