Починаа 21 лице, нови 465 случаи на коронавирус

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 6 починати лица од Скопје (70г, 71г, 75г, 80г, 83г и 95г), по две починати лица од Кочани (60г и 75г), Неготино (78г и88г), Прилеп (72г и 77г) и по едно од Велес (78г), Кичево (66г), Куманово (83г), Охрид (93г), Свети Николе (80г), Струга (80г), Струмица (76г) и Штип (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.



Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Ресен (72г), починато во домашни услови.

Направени се 1.707 тестови, а регистрирани се 465 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 341, Кавадарци – 21, Струмица – 19, Штип – 15, Куманово – 13, Охрид – 11, Прилеп – 6, Гостивар – 5, Велес, Струга и Гевгелија по – 4, Битола, Тетово, Крива Паланка и Богданци по – 3, Кичево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по -1.

Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 92 реинфекции.