Починаа 13 лица, нови 473 случаи на коронавирус

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: По едно починато лице од Прилеп (89г), Кочани (85г), Штип (80г), Охрид (71г), Велес (85г) и Кичево (71г). Сите пријавени лица сите се починати во болнички услови.



Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Скопје (2), Битола (2), Крива Паланка (1), Штип (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 58г. до 84г. Починати се во период од 10.02. до 23.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во болнички услови, а 5 лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (13), кај 11 лица се регистрирани коморбидитети.

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.146 тестови, а регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје –255, Битола – 31, Куманово – 25, Прилеп – 23, Кавадарци и Велес – по 17, Тетово – 14, Кичево – 13, Охрид и Штип – по 12, Струмица и Гевгелија – по 10, Гостивар и Струга – по 5, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 3, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Валандово, Пробиштип, Богданци и Крушево – по 2, Дебар – 1.

Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 74 реинфекции.