Пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга почина утрово. Таа и нејзиниот сопруг биле дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.
Семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа биле регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата.






