Возачот во прилепската Брза помош за кого Македонија собираше донации за лекување, ја загуби биитката со коронавирусот.
И покрај желбата на целата нација Гоце Илиески на 42 години повторно да застане на нозе и да спасува животи, денеска засекогаш не’ напушти. Беше посветен сопруг и татко на две малолетни деца.
Со Ковид- 19 се зарази на работното место, спасувајќи животи. Во тешка состојба беше хоспитализиран на една од приватните клиники, а по апелот на социјалните мрежи, масовно се собираа средства за негово лекување.
Прилепчани се шокирани од трагедијата која му се случи на семејството. На осми март почина мајката на Гоце, но најблиските одбиваа да му ја кажат лошата вест бидејќи и самиот беше во критична состојба. Ја имал само неа, бидејќи татко му починал во 2007 година. Zase.mk







