Почина уште едно дете кое падна во бунар

Почина петгодишното момче кое неколку дена беше заробено во длабок и сув бунар во југоисточен Авганистан, пренесе Еуроњуз.



Обидите да се спаси малиот Рајан од бунар во Мароко завршија неуспешно

Детето, по име Хајдар, „не остави засекогаш“, напиша на Твитер Анас Хакани, висок советник во Министерството за внатрешни работи.

„Ова е уште еден ден на жалост и тага за нашата земја“, додаде тој.

Момчето во вторникот паднало во бунар длабок 25 метри, а утрово спасувачите го извлекле. Тој бил жив кога стигнале до него, но бил во многу лоша здравствена состојба. Тој починал набргу откако бил извлечен.

Неговиот дедо изјави за АФП дека Хајдар паднал во дупка додека се обидувал да им „помогне“ на возрасните да дупчат нов бунар во селото.