Почина уште едно дете од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје. Станува збор за 13 месечно дете од Свети Николе, кое и предходно имало други здравствени проблеми.
Пред три дена шестмесечно бебе заболено од морбили почина пред на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Министерот за здравство Венко Филипче, по оваа трагедија посочи дека бебето имало компликација на белите дробови.
„Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.





