Трет украински возач на камион почина чекајки со денови на граница кон Полска која е под блокада организирана од полски камионџии, објави вчера украинската јавна телевизија Суспилне.



Цитирајќи официјален претставник на Украинската меѓународна асоцијација на транспортери, телевизијата објави дека на возачот му се слошило на преминот Кракивец-Корчова – една од четирите блокирани гранични премини.

Тој починал додека бил транспортиран во болница.

Двајца возачи починаа минатиот месец, како жртва на блокадите

Полските камионџиите кои протестираат велат дека украинските возачи ги намалуваат нивните цени.

Тие ги блокираа премините од 6 ноември, барајќи од Европската унија да го врати системот што бара од украинските компании да обезбедат работни дозволи, како и од европските камионџии да влезат во Украина.