Почина Трајан Петровски, прв амбасадор на независна Македонија

на 82 годишна возраст синоќа во Скопје почина Трајан Петровски поранешен македонски амбасадор, македонски поет, раскажувач, романописец, публицист, преведувач, полемичар.



Петровски бил роден на 31 јануари 1939, с. Арбиново Дебарца.

Дипломирал право но имал успешна дипломатска кариеара.

Трајан Петровски беше прв амабасадор на независна Република Македонија, откако беше на функцијата амбасадор на СФРЈ во Турција.

Беше и амбасадор на Р. Македонија во Египет, С. Арабија, Обединети Арапски Емирати, Узбекистан, Казастан, Азербејџан, Киргистан. Потписник е на повеќе билатерални договори за воспоставување на дипломатски односи на Р. Македонија со други држави.

Бил секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, како и член на македонскиот ПЕН центар.

Петровски е автор е на збирките поезија: И падина и гороцвет(1964), Опаленик(1967), Благослов на лебот(1969), Дреновина(1971), Ни ден ни гробнина(1974), Говорот на селаните(1979), Старо лозје(1983), Сфинга(1985), Разговори со Прличев(1989), Анадолските ветрови(1993), Босфорски завештение(1996), Живеам во Азија(2000), Беседења по дервишки(2000), Пукнатина (2005), Амбисот. Жената(2010), Каде со иднината(2012), Со кого можам да зборувам денес(2012), Главата в торба( 2014), Кога ѕверот ќе дојде(2017), Јас и Црна Арапина( 2017) и помеата Верување во Охрид (1996).