Почина Розалин Картер, поранешна прва дама на САД

Поранешната прва дама на САД, Розалин, Сопруга на Џими Картер почина денеска на 96-годишна возраст, јавија медиуми.



„Картер Центар“ соопшти дека Розалин Картер починала по неколкумесечно нарушенo здравје и долгo боледување од деменција во нејзиниот дом во јужна Џорџија.

Џими Картер наполни 99 години

Џими и Розалин Картер се венчале во 1946 година кога тој имал 21 година, а таа 18 и биле во брак повеќе од 77 години. За разлика од многу претходни први дами, Розалин присуствуваше на состаноците на кабинетот, зборуваше за контроверзни прашања и го претставуваше нејзиниот сопруг на патувањата во странство.

Џими Картер беше претседател на САД од 1977 до 1981 година.