Почина родилката што скокна од скопска гинекологија

Во текот на вечерните часови почина 39-годишната родилка која две недели беше во критична состојба откако пред две недели скокна од соба на повисоките катови на скопска гинекологија, јавуваат вечерва повеќе медиуми.



Сега покојната родилка се бореше за живот на Клинката за анестезија реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), но не издржа и покрај лекарските обиди да се спаси нејзиниот живот.

Родилката во два наврати пред да скокне на болничкиот персонал им рекла дека има проблеми но таа не добила можност да зборува со психијатар или психолог по што
случајот го истражува инспекциски надзор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.