Почина планинар од Скопје на Пелистер

Кај месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер имало починато лице (планинар) информира Регионалниот ЦУК Битола по известувањето од Министерството за внатрешни работи (МВР) – СВР Битола.



Според првите сознанија, се работи за повозрасно лице од Скопје, со иницијали А.С.

Известена е Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола која има тим за интервенции во планински услови.

Телото на починатото лице ќе биде транспортирано до првото место каде што може да дојде возило на Итна медицинска помош за да го преземе.

Местото каде што било пронајдено лицето било на околу 2.000 метри надморска височина.