Францускиот моден дизајнер кој во текот на повеќе од седум децении во светот на модата го стави своето име на сè – од облека до мебел, парфеми, пенкала… – почина денеска на 98-годишна возраст, објави AFP.
Познатиот дизајнер со италијанско потекло повеќе пати изјави дека модата е негова дрога. Неговиот последно појавување во јавноста беше на модна ревија во 2017 година.
Кардин е роден во 1922 година во италијанската општина Сан Бјаџо ди Калалта. Неговото семејство емигрирало во Франција кога тој бил дете. Кариерата ја започнал во театар.
Од крајот на 40-тите години работел во студиото на Кристијан Диор, неколку години подоцна создаде своја сопствена модна куќа, а подоцна и бутик за мебел во Париз.
Патентирал над 500 пронајдоци, вклучувајќи чорапи во боја, високи чизми вратоврски…





