По тешка болест на 81-година почина легендарниот фудбалер, тренер и спортски директор, Петар Надовеза.
Тажната вест утрово ја потврди сплитски Хајдук каде што тој остави најдлабока трага. Недовеза беше голгетер на Хајдук и репрезентативец на Југославија. Во Сплит пристигна во 1963 година од Шибеник и во Хајдук помина 10 години пред да се пресели во Локерен.
За тимот од Сплит одигра 460 натпревари на кои постигна 296 голови. Ја освои титулата шампион на Југославија во сезоната 1970/1971, двапати триумфираше во Купот и двапати беше најдобар стрелец во првенството на Југославија.
Кариерата ја заврши во Локерен во 1975 година, а во Хајдук долго време работеше како тренер и спортски директор во младинските категории. Колку беше важен за овој тим говори и неговиот прекар кој гласеше „сплитскиот Пеле“. Слободен Печат






