Во последниве 24 часа утврдени се 26 новозаболени од Ковид-19, со што бројот на заразени во земјава достигна 1.326 лица.
На Инфективната клиника почина пациент на 80 години од Скопје, со што бројот на починати пациенти позитивни на вирусот се искачи на 57, дознава Алсат М.
Според последните податоци, излекувани од коронавирусот досега се 301 пациент.





