Почина новинарот Зејнула Весели

Новинарот Зејнула Весели почина вчера попладнето по тешко боледување. Погребот ќе биде денеска.



Весели е новинар кој остави силен печат во медиумите на албански јазик во Македонија. Има долга кариера и работеше во повеќе телевизии, беше репортер во весниците Лајм и Факти.

Освен што покриваше теми од економија, Весели беше и собраниски известувач.

Ќе го паметиме како добар другар и професионален новинар.