Во 90-та година од животот, почина Шон Конери, шкотскиот актер кој беше најпрепознатлив по улогата на филмскиот Џемс Бонд.
Според многумина, Конери најдобро го отелотвори најпознатиот филмски шпион 007.
Шон Конери играше и во голем број филмски класици како „Лов на црвениот октомври“, „Индијана Џонс“ и „Последната крстоносна војна“ .
Доби Оскар во 1988 година за најдобра споредна машка улога во „Недопирливите“.
Во 2000 година, британската кралица го прогласи за витез.





