Почина Мирослав Лазански

Познатиот новинар и амбасадор на Србија во Руската Федерација Мирослав Лазански почина ненадејно на 71 -годишна возраст, јави Телеграф.рс.



Лазански почина во својот дом во Белград, по претрпен срцев удар.

Мирослав Лазански е роден 1950 година во Карловац. Дипломирал на Правниот факултет во Загреб, каде што ја започнал својата новинарска кариера, прво во „Полет“, подоцна во „Вјесник“, „Старт“, „Данас“, „Политика експрес“, „НИН“. „Вечерна вест“ (1996-2001).

Во 1991 година, Лазански се приклучи на „Политика“. Тој известуваше од Сирија, Сомалија, Крим, известуваше и за војните во Авганистан, Чеченија, Конго, Ирак, Иран, Либан, Јемен и Либија …